Покрај мечот Македонија – Португалија, кој заврши 29:29, вечерва се одигра уште еден меч во групата Б. Во Хернинг, пред своите фанови, големиот фаворит и повеќе од убедливо ја победи Романија со 39:24.
Со овој триумф Данците ставија печат на пласманот во следната фаза.
Гидсел запиша девет голови, Хангард и Питлик по осум голови. Голманот Кевин Мелер имаше 17 одбрани.
Неверојатен меч одиграа Словенците во Осло. Швајцарија во еден момент имаше +9 разлика, ама на крај Словенците не само што успеаја да ја стигнат таа разлика туку и победија со 38:35. Со оваа победа Словенците се пласираа во следната фаза.
Навистина што се случи со Швајцарците кои второто полувреме го загубија со неверојатни со 24:15, а на полувремето имаа +6 голови предност.
Унгарците во меч од групата Ф немаа премногу тешка задача против Италија. Речиси рутински ја победија Италија со 32:26 и со оваа победа одат во следната фаза.
На останатите мечеви, Ф. Острови славеше убедлива победа против Црна Гора со 37:24. Блескаа Скипаготу и Митун со по 9 погодоци.
Ислан против Полска немаше тешка задача и успеа да триумфира со 31:23.










