Митревски: Верувавме во себе, со Романија мора да победиме, тоа ни е најважно!

548

Македонската ракометна репрезентација и покрај тоа што на моменти имаше негатива од -5 голови, сепак успеа да се врати, да остане непоразена на мечот со Португалија. Меч кој долго ќе се памети, ако се знае дека на крајот дојдовме до реми, ама со малку среќа ќе имавме и шанса за завршен напад за победа.

Сепак на крајот беше 29:29 против една така силна селекција.

Никола Митревски, нашиот голман по мечот изјави:

Тешко беше, посебно кога го загубивме Марковски. И затоа моравме да импровизираме и во нападот и во одбраната. Иако имавме негатива, успеавме да се вратиме. Бевме трпеливи, верувавме во себе и со малку среќа ќе имавме напад за победа. Ќе биде тешко со Романија, ние мораме да победиме, тоа ни е најважно. Не смееме да размислуваме за тоа што понатаму ќе се случи. Наше е да победиме“ посочи Митревски.

ПретходноМарко Митев: Сега чекаме услуга од Данска!
СледноПотег со кој турската тенисерка ги воодушеви сите!(ВИДЕО)