Уште еден доказ зошто треба Столе Димитриевски да биде прв голман на Валенсија. Имено попладнево во меч од 20.коло во Ла Лига, македонскиот голман повторно застана на голот на Валенсија и успеа да ја сочува својата мрежа, иако во еден момент се пожали на повреда, но сепак немаше намера да го напушти теренот. И не само што издржа до крај, туку имаше одличен настап.
Инаку Валенсија славеше на овој меч со 0:1 и тоа со голот на Гаја во 84.минута. Очигледно е дека откако Македонецот застаната на голот, на Валенсија и тргна.
За нас е најважно што Столе Димитриевски, и покрај проблемот со повредата, очигледно е дека е во одлична форма.










