Работнички со убедлив триумф на контролата со Шкупи!

263
ФОТО: ФК Работнички/FB

Муарем Муарем, новиот тренер на Работнички успеа да победи на своето деби. Попладнево на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, тимот од Градски парк, во пријателски меч, успеа со 5:2 да слави против тимот на Шкупи.

Стрелци на головите за Работнички беа два Бошњаков, Манојлов, Шаини и Подграѓа.

Ова беше прва контрола оваа зима и за двете екипи.

Морам да бидам задоволен од тоа што го видов. На овој меч настапија младинците, речиси најголем дел. Оние поискусните одржаа само тренинг. Целта беше да видиме на кого од младите играчи ќе можеме да сметаме во наредниот период“ ни изјави Муарем.

ПретходноМитревски: Португалците имаат врвни играчи, но имаат и слаби страни – ние треба да ги искористиме!
СледноДијамантот нема да патува во Данска?!