Сосиедад ја „шокираше“ Барселона

128

Тимот на Реал Сосиедад направи огромен подвиг вечерва откако на свој терен во последниот дуел од Пример програмата денеска ја совлада Барселона со конечни 2:1.

Поприлично интензивниот дуел стартуваше со два поништени гола за Барселона на Фермин и на Јамал, за да во 32. минута Ојарзабал погоди за домашно водство.

Барселона се обидуваше да стигне до израмнување и тоа и успеа во 70. минута откако погоди Маркус Рашфорд, но по само една минута, Гуедес повторно носи домашно водство за 2:1, што беше и конечен резултат на овој меч.

Солер доби црвен картон во последните моменти од мечот, но тоа е мала цена за големите три бода кои што Сосиедад ги освои денеска против големиот фаворит.

 

ПретходноСенегал е победник на Африканскиот куп (ВИДЕО)