Македонија пред 13 години последен пат ја победила Португалија

199

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во Арената „Јиске Банк Боксен“ го игра вториот меч на Европското првенство, противник е селекцијата на Португалија.

Двете селекции имаат одиграно десет официјални натпревари. Португалија води со 6-4 во меѓусебните дуели, до 2013 година беше изедначено. Тогаш македонската ракометна репрезентација во Скопје ја победи Португалија со 26-19 во евро-квалификациите.

Десет години подоцна, овие две селекции повторно се сретнаа, и повторно во квалификациите за ЕП. Португалија ги доби и двете средби, би рекле убедливо.

Македонија и Португалија денеска имаат иста цел да победат за да можат да дојдат до главната рунда. За селекторот, Кирил Лазаров ова е најважниот дуел, без триумф против Португалците не можеме да сонуваме за бајка во Хернинг.

ПретходноРистевски: Ако сакаме да бидеме во Топ 8 во Европа мора да победиме селекции како Португалија
СледноПроблем за Флик: Барса без Рафиња вечерва против Сосиедад