ЕП 2026: Данска ја “здроби“ Романија, неверојатен пресврт на Словенците за победа со Швајцарија!

1017
ФОТО: EHF EURO/X

Покрај мечот Македонија – Португалија, кој заврши 29:29, вечерва се одигра уште еден меч во групата Б. Во Хернинг, пред своите фанови, големиот фаворит и повеќе од убедливо ја победи Романија со 39:24.

Со овој триумф Данците ставија печат на пласманот во следната фаза.

Гидсел запиша девет голови, Хангард и Питлик по осум голови. Голманот Кевин Мелер имаше 17 одбрани.

Неверојатен меч одиграа Словенците во Осло. Швајцарија во еден момент имаше +9 разлика, ама на крај Словенците не само што успеаја да ја стигнат таа разлика туку и победија со 38:35. Со оваа победа Словенците се пласираа во следната фаза.

Навистина што се случи со Швајцарците кои второто полувреме го загубија со неверојатни со 24:15, а на полувремето имаа +6 голови предност.

Унгарците во меч од групата Ф немаа премногу тешка задача против Италија. Речиси рутински ја победија Италија со 32:26 и со оваа победа одат во следната фаза.

На останатите мечеви, Ф. Острови славеше убедлива победа против Црна Гора со 37:24. Блескаа Скипаготу и Митун со по 9 погодоци.

Ислан против Полска немаше тешка задача и успеа да триумфира со 31:23.

ПретходноСекоја мајка би посакала ваков син: Татјана е горда на херојот Мартин Томовски (ФОТО)
СледноОвие момци продолжија да не прават горди Македонци (ФОТОГАЛЕРИЈА)