Бизарниот момент што ги турна Србите кон победа над Германците (ВИДЕО)

2370

Српските ракометари го направија првото изненадување на ова Европско првенство откако ја победија Германија со 30:27 во вчерашниот натпревар од 2. коло во Групата А, со што ја надоместија негативата од четири гола од првото полувреме (13:17). Натпреварот беше обележан со бизарен момент во кој Србија беше турната кон победа со одлука на германскиот селектор.

Германците се мачеа во нападот, не можеа да ја пробијат српската одбрана. Кога конечно успеаја, голот беше поништен поради невообичаена ситуација што бараше судиски преглед на видеото. Причината за поништениот гол беше минутата одмор што германскиот селектор Алфред Гисласон ја досуди момент пред неговиот играч да ја испрати топката и да ја погоди мрежата.

Прегледот на видеото утврди дека тајм-аутот е досуден пред топката да ја помине гол-линијата и голот да биде поништен. Погледнете ја ситуацијата ТУКА. Србија го искористи ова, го зголеми водството и ја оствари победата.

Претходно„Доктор“ Раул не паѓа во еуфорија: Ништо не е готово, Австрија е сериозен противник
СледноЛејкерси тешко без Лука Дончиќ (ВИДЕО)