Полувреме: Одлична и храбра игра на Македонија

266

Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме против Португалија има негатива од 13-15. Ова е меч од второто коло на Европското првенство во рамките на нашата група Б, и воедно важен за Кирил Лазаров и неговите момци за пласман во главнат рунда.

Кузмановски е нашиот најдобар стрелец со шест гола, два има Велковски. Митревски три одбрани.

Добар почеток, цврсто прво полувреме. Митревски ја даде потребната цврстина на голот (запиша две одбрани), ракометарите поведоа со 4-2 во шестата минута, не искористија шанса за плус три. Две минути исклучување за Стојковиќ и техничка грешка, беа доволни за да противникот израмни на 4-4 на стартот на 10-тата минута. Се играше гол за гол, со тоа што Македонија до 13-та минута ја имаше минималната позитива. Недоразбирање во нашите редови, го искористи противникот за 7-6. После голот на Павле Атанасијевиќ за 7-7, Македонија на средината на првото полувреме остана со играч помалку, црвен картон заработи Никола Маркоски.

Изедначената битка продолжи, Кузмановски на стартот на 21-та минута од пенал го врати водството 10-9. Капитенот продолжи да го одржува чекорот со силната Португалија 12-12, Пешевски изнуди два важни седмерци. Џонов во 25. минута се повреди. Од пеналот на Кузмановски не постигнавме гол, па Португалија за првпат поведе со плус два 12-14. Пешевски го прекина молкот за 13-14, на другата страна Франциско Кошта на одморот ги постави конечните 13-15.

ПретходноРастодер одличен: Гол и две асистенции на Македонецот за победа на Тун против Грасхоперс!
СледноПо “бомбата“ на Македонецот, ЕХФ прашува: “Дали Марко Митев е идната ѕвезда“! (ВИДЕО)