Потег со кој турската тенисерка ги воодушеви сите!(ВИДЕО)

232
ФОТО: #AusOpen/X

Топлото време и оваа година ќе биде проблем на АО. На првиот ден од Отвореното првенство на Австралија, за време на женскиот натпревар се случи необична ситуација, кога девојка задолжена за собирање топки и се слоши. Девојката падна, а турската тенисерка Зејнеп Сонмез веднаш ѝ притрча на помош.

Откако девојката накратко стана, Сонмез ја одведе до клупата, но таа повторно ја изгуби свеста. Турската тенисерка успеа да ја држи и да ѝ помогне да седне, за што доби аплауз од публиката. По продолжувањето на натпреварот, Сонмез, која е рангирана на 112-то место на ранг-листата на ВТА, постигна голема победа над 11-тата тенисерка во светот, Екатерина Александрова, и се пласираше во второто коло од турнирот.

ПретходноМитревски: Верувавме во себе, со Романија мора да победиме, тоа ни е најважно!
СледноРома со гостински триумф кај Торино (ВИДЕО)