Добар настап на Македонија во првиот дел од средбата со Португалија. Да, имаме два гола негатива кои дојдоа во самиот финиш на првото полувреме.
Но, четата на Кире Лазаров игра храбро, одважно против големиот фаворит.
Секако дека за одбележување е потегот, “бомбата“ на Марко Митев со кој ја “скина“ мрежата Португалците.
Овој момент го одбележа и медија – тимот на ЕХФ, постирајќи го голот на Марко и со прашање:
“Дали Марко Митев е идната ѕвезда?“.
Што е до нас, тој и сега е ѕвезда.










