Растодер одличен: Гол и две асистенции на Македонецот за победа на Тун против Грасхоперс!

92
ФОТО: FC Thun/FB

Одличен меч, одличен настап на македонскиот репрезентативец Елмин Растодер. Во меч од 20.коло во елитната лига на Швајцарија, Растодер со својот Тун на гостувањето кај Грасхоперс и тоа придонесе неговиот тим да победи и тоа со 1:3.

Гол, две асистенции и еден поништен гол беше тоа што покрај другото го стори Растодер на ова гостување.

Најпрво во 5.минута тој стрелаше за 0:1. По само четири минути асистираше за 0:2. Во 69.минута Растодер уште еднаш асистираше за 1:3, а во 72.минута ВАР му поништи погодок.

Но и вака Растодер има зошто да биде задоволен. Со оваа победа Тун и натаму е лидер на табелата.

ПретходноЧелзи договори ново засилување на стоперската позиција
СледноПолувреме: Одлична и храбра игра на Македонија