Уште една (не)возможна мисија: Што и треба на Македонија за пласман во главна рунда?

1127

Македонската ракометна репрезентација има се уште шанси за пласман во главната рунда, но патот до таму е тежок. После ремито ремито 29-29 со Португалија, само едно сценарио ќе не остави во Хернинг.

Во моментов гол-разликата е плус 18 во корист на Португалија (ние загубивме со 12 од Данска, а тие славеа со 6 над Романија).

Прво Македонија треба да ја победи Романија со шест гола разлика во вторник (18 часот), а потоа ќе навиваме за Данска. Актуелниот светски и олимписки треба да ја победи Португалија со 13 голови разлика.

Втор пример: Ако ние славиме со два гола разлика, потребно ќе ни биде Данска да слави со минимум 17 разлика за ние да ги прескокнеме Португалците. Или ако триумфираше со „плус девет“, тогаш доволни ќе ни бидат и „плус десет“ од Данците.

Дека Данска може да го исполни нашиот прв предуслов не е невозможна мисја, ја победи Португалија со оваа разлика во полуфиналето на СП 2025.

ПретходноЛазаров: Честитки за одиграното, Македонија е деградирана и мора да се бори со тоа
СледноМарко Митев: Сега чекаме услуга од Данска!