
Невидена драма во Хернинг. Македонската ракометна репрезентација успеа да ја изненади големата Португалија, но не и да дојде до победа, одигра без победник 29-29, реми кое многу тешко може да не однесе во главнта рунда.Последната средба од групната фаза се игра на 20. јануари противник е Романија.
Во првото полувреме Лазаров остана без Џонов и Петар Атанасијевиќ, двајцата се повредија.
Добар почеток, цврсто прво полувреме. Митревски ја даде потребната цврстина на голот (две одбрани), ракометарите поведоа со 4-2 во шестата минута, не искористија шанса за плус три. Две минути исклучување за Стојковиќ и техничка грешка, беа доволни за да противникот израмни на 4-4 на стартот на 10-тата минута. Се играше гол за гол, со тоа што Македонија до 13-та минута ја имаше минималната позитива. Недоразбирање во нашите редови, противникот го претвори во 7-6. После голот на Павле Атанасијевиќ за 7-7, Македонија на средината на првото полувреме остана со играч помалку, црвен картон заработи Никола Маркоски.
Изедначената битка продолжи, Кузмановски на стартот на 21-та минута од пенал го врати водството 10-9. Капитенот продолжи да го одржува чекорот со силната Португалија, но токму неговиот последен гол за 12-12, три и пол минути бевме без постигнат гол. Португалија го искористи тоа за да поведе со 12-14.
КАМ-БЕК ОД МИНУС ПЕТ ДО ДРАМА
Од крајот на првото и на почетокот на второто полувреме, Португалија направи серија од 3-0 за први плус пет (13-18). Кај нас првиот гол го постигна Кузмановски за 14-18. Португалија во 40-та минута повторно зголеми на плус пет 17-22, но Македонија не се откажа. Полека ја топеше позитивата на противникот. Павле Атанасијевиќ со два гола и Стојковиќ, после одобрана на Митревски доближија на 20-22 пред средината на второто полувреме.
Од 50-тата минута, Македонија на крилата на Томовски, но и капитенот Кузмановски успеа да го подигне тимот, запиша три важни одбрани, а Македонија се најде во егал 26-26 на пет минути до крајот, откако направи серија од 3-0. Павле доби две минути исклучување, а Португалија врати на 26-27. Се играше гол за гол, со тоа што минималната предноста ја имаше противникот. При 27-28, босанскиот судија после прегледување на снимка досуди седум метри за Македонија и исклучи играч на Португалија. Кузмановски од седум метри донесе ново израмнување 28-28. На две минути до крајот Велковски донесе 29-29. Португалија го имаше последниот напад, Томовски запиша две одбрани, на Серафимов топкта му падна од раце, на крајот мечот заврши без победник 29-29.
Фантастични 15 гола за Филип Кузмановски, Атанасијевиќ и Велковски псотигнаа по четири гола, додека пак Стојковиќ додаде свои два.










