Денеска на ЕП 2026: Португалија е нашата шанса, Романија против „страшната“ Данска

363
фото: EHF EURO @EHFEURO (X)

Денеска на европското првенство следува вториот настап на нашата репрезентација. Пред Македонија е клучниот натпревар кој може да не однесе во следната фаза, но и уште еден исклучително теок противник – Португалија.

Средбата ќе се одигра во Хернинг од 18 часот, а веднаш по нашиот дуел на сцена стапуваа домаќините, Данска, кои за противник ја имаат репрезентацијата на Романија. Данците се големи фаворити и прашање е само како и колку Романија ќе може да се одбрани од најсилниот напад на ова ЕП.

Втората рунда следува уште во две групи. Особено интересно ќе биде во Осло, каде Црна Гора игра решавачки меч со Фарските острови. Возбудливо ќе биде и на мечот меѓу Словенија и Швајцарија.

Последните две средби се во Кристијанштад. Полска мора да оди на победа над Исланд, додека Италија се надева на сензација против Унгарија.

ГРУПА Б

18.00 Македонија – Португалија

20.30 Романија – Данска

ГРУПА Д

18.00 Црна Гора – Фарски О.

20.30 Швајцарија – Словенија

ГРУПА Ф

18.00 Полска – Исланд

20.30 Италија – Унгарија

ПретходноИнформација за „Фалангата“ пред дуелот меѓу Македонија и Португалија
Следно„Тик-так, тик-так…“: Франк пред отказ од Тотенхем!