Откако вчера предвреме го заврши мечот за својот Наполи против Сасуоло, во прашање бил грип а како последица на тоа имаше и вртоглавица, настапот на Елиф Елмас на мечот од ЛШ кај Копенхаген е под голем знак прашалник. Ова попладнево го пренесуваат медиумите во Италија, пред се „ИЛ Матино“.
Дали Конте ќе мора без Македонецот, остнува да се види до утре.
Штета, ако се знае дека во последно време Дијамантот беше стартер во Наполи и играше навистина квалитетно.










