Македонската ракометна репрезентација го игра вториот натпревар на Европското првенство, за противник ја има селекцијата на Португалија, дуелот стартува во 18 часот во „Јиске Банк Боксен“ Арената.
Селекторот, Кирил Лазаров го одреди составот за овој важен меч на континенталното натпреврување. Очекувано во составот се вратија Жарко Пешевски и Никола Митревски, кои го пропуштија дуелот со Данска поради ситни повреди.
Македонија мора да победи денеска против силната Португалија доколку сака да сонува за главна рунда.
Ова значи дека Иван Галевски отпаѓа, шанса за следен меч ќе бара Дамјан Митев и Самоил Ристевски.










