Еден од јунаците во нашиот табор беше голманот Мартин Томовски кој во последната минута од средбата со Португалија, успеа во два наврати да го сочува својот гол. Сепак првиот пат таа топка отиде во аут, а вториот пат од рацете на Серафимов отиде во аут.
По мечот Томовски имаше свој коментар:
“А, што да кажам. Среќни сме, ама исто така и жалиме што ете можеби имавме можност на крајот да победиме. Морам да признам дека покажавме една добра психолошка состојба во второто полувруме иако губевме, се вртативме, не се предадовме, сите бевме како едно. Бевме сплотени, во нападот бевме беспрекорни. На крајот нерешено“.
Има математики за понатаму, со Романија мечот што следува:
„Чуда се случуваат, ќе веруваме во тоа. Сме биле сведоци и самите, како со Ф. Острови во Македонија, така и со многу други национални селекции, дека доколку бидеме сплотени, бидеме заедно и дишеме како еден и на крилјата на овие прекрасни навивачи можеме да се радуваме и да се пласираме во следната рунда“ заврши Томовски.










