Милан со минимален триумф против Лече

70

Екипата на Милан во последниот денешен дуел до новото Серија А коло успеа да слави минимално на домашен терен против тимот на Лече со 1:0.

Единствениот гол на овој меч го постигна новитетот во таборот на „Росонерите“, Никлас Фулкруг кој што погоди 76. минута од мечот. Германецот реализираше само три минути откако влезе во игра на местото на Кристијан Пулишиќ.

Со оваа победа Милан и натаму ги задржува шансите за највисок пласман обезбедувајќи досега 46. бодови и втора позиција.

Лече до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок со во моментов само 17 бода.

 

ПретходноОвие момци продолжија да не прават горди Македонци (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСенегал е победник на Африканскиот куп (ВИДЕО)