Митревски: Португалците имаат врвни играчи, но имаат и слаби страни – ние треба да ги искористиме!

296

Часови не делат од одлучувачкиот меч против Португалија на Европското првенство. Исходот од овој дуел ќе даде јасна слика за Македонија и престојот во Хернинг. Побед ќе значи чекор до главната рунда, секое спротивно сценарио ќе не оддалечи од посакуваната јануарска бајка.

Во составот на македонската репрезентација се очекува да биде Никола Митревски. Искусниот чувар на мрежата поради ситна повреда не настапи против Данска на отварањето. Селекторот, Кирил Лазаров не сакаше да ризикува.

Митревски е единствен во нашиот состав кој добро ги познава Португалците. Тој ги респектира, но истовремено потенцира дека и тие имаат свои слабости кои мора да бидат искористени.

„Одиме да се надигруваме, Португалците многу напредуваа од 2020 година наваму, играат брз ракомет, знаат што сакаат, имаат врвни играчи. Но, секако дека имаат слаби страни во својата игра, а ние треба да ги искористиме тие слаби страни и слаби моменти за да се обидеме да направиме изненадување“, изјави за СпортСпорт, Никола Митревски. 

Мечот меѓу Македонија и Португалија е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноАртета: Да победевме, ќе бевме во поинаква позиција!
СледноРаботнички со убедлив триумф на контролата со Шкупи!