
Македонската ракометна репрезентација за помалку од еден час го игра дуелот со Португалија во рамките на второто коло на Европското првенство, за противник ја има селекцијата на Португалија.
Овој меч е од голема важност за „црвено-жолтите“ за евентуален пласман во главната рунда. Победа ќе значи продолжување на големиот сон, пораз е спротивно и непосакувано сценарио.
И на оваа средба ракометарите ќе имаат поддршка од македонските фанови, но дел од нив останаа без знамето со сонцето на Вергина. На влезот на Арената „Јиске Банк Боксен“ им биле запленети овој тип на знамиња. Но, има и такви кои сепак успеаја да ја надмудрат контролата.










