Раул Гонзалес откри зошто им се обраќа на Србите на македонски јазик!

1469

Во центарот на вниманието на Европското првенство од вчера се најде селекцијата на Србија. Предводени од Раул Гонзалес, ракометарите на оваа земја го приредија првото големо изненадување на шампионтот, ја победија Германија со 30-27 и тоа по голем пресврт.

Шпанскиот стртаег исто се најде во центарот на вниманието, поготово во македонските медиуми. Со него Вардар 1961 ја освои првата титулата во Лигата на шампиони, а беше и селектор на Македонија. Долгиот престој во Скопје беше доволен за да Шпанецот го научи македонскиот јазик. Иако мина многу време од неговото заминување, 2018 се пресели во редовите на ПСЖ, тој се уште го зборува нашиот јазик.

После првиот меч на ЕП го застанавме за изјава. Тој зборуваше на македонски јазик. На прашањето дали го учи и српскиот јазик тој рече:

Зборувам македонски јазик, не го заборавив, ако имам со кого да зборувам цело време ќе биде уште подобро. Што се однесува до српскиот јазик, да го учам, но ми оди тешко“, беа зборовите на „Ел Команданте“, кој и посака среќа на Македонија. 

ПретходноДенот „Д“: Може ли Македонија да биде второто големо изненадување на Европското првенство?
СледноСлот: Целосно го разбирам разочарувањето