Ристевски: Ако сакаме да бидеме во Топ 8 во Европа мора да победиме селекции како Португалија

325

Дебитантот во нашата репрезентација на едно големо натпреварување, Самоил Ристевски, пред денешниот втор натпревар за Македонија на европското првенство, јасно потенцира какво е значењето на пресметката во Хернинг ова попладне.

„Португалија е послаб противник од Данска, но негува ист стил како и Данска, брз ракомет. Ние се подготвувавме најдобро што можеме, ќе сториме се за добар резултат. Ако сакаме да бидеме репрезентација од Топ 8 во Европа мораме да го унапредиме нашиот ракомет, да победуваме селекции во овој нов стил, тоа е брз ракомет“, изјави Ристевски во пресрет на денешниот дуел.

Македонија против Португалија вечерва од 18 часот на отворањето на 2. коло од групата Б.

Претходно„Тик-так, тик-так…“: Франк пред отказ од Тотенхем!
СледноМакедонија пред 13 години последен пат ја победила Португалија