Секоја мајка би посакала ваков син: Татјана е горда на херојот Мартин Томовски (ФОТО)

930

Македонската ракометна репрезентација го освои првиот бод на Европското првенство, откако одигра реми против Португалија 29-29. Херој на „црвено-жолтите“ е Мартин Томовски, кој во последните 45 секунди запиша две одбрани во низа. Нашиот голман не им дозволи на Португалците да заверат место во главната рунда. На крајот зад своето име запиша осум одбрани.

Веднаш после мечот, Томовски беше пречекан од неговата мајка Татјана. Трпеливо го чекаше својот син – херој да ја помине микс-зоната каде што го чекаа новинарите, а потоа конечно успеа да направи заедничка фотографија. На нејзината радост немаше крај, беше горда на својот син, а кој не би бил.

ПретходноРома со гостински триумф кај Торино (ВИДЕО)
СледноЕП 2026: Данска ја “здроби“ Романија, неверојатен пресврт на Словенците за победа со Швајцарија!