Србинот Милојевиќ е најновото засилување во Пелистер! (ФОТО)

187
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Србинот Лука Милојевиќ (22) е најновото засилувања во редовите на Пелистер. Станува збор за играч од средниот ред кој за битолчани ќе игра како позајмен играч на Раднички Крагуевац.

Милојевиќ веќе е во Битола а наскоро ќе им се приклучи на останатите играчи на Пелистер кои се во Анталија на подготовки.

Секако дека со Милојевиќ, стратегот на битолчани Милан Стојановски ќе има опција плус во играта за врска на својот тим.

Колку за потсетување, Пелистер напролет го чека тешка битка за изборување на опстанокот во ПМФЛ.

ПретходноСерлот му донесе триумф на Атлетико Мадрид!
СледноГолема штета: Португалија беше „печена“ за пораз, Македонија одигра реми (ФОТО)