Челзи договори ново засилување на стоперската позиција

36

Лондонскиот гигант Челзи договори ново засилување во одбраната кое пристигнува од француската лига. Имено, 20-годишниот фудбалер на Рен, Жереми Жаке веќе подолго време е желба на управата на „сините“. Младиот дефанзивец ги договорил личните услови со Челзи, па така останува само финален договор за сумата на трансферот.

За потписот на Жаке, францускиот клуб бара околу 65 милиони, додека пак Челзи нуди нешто помалку. Челниците на англискиот клуб веќе отпатувале во Франција каде ќе го постигнат финалниот договор за трансферот на Жаке.

Младиот французин оваа сезона одигра 16 натпревари за екипата на Рен во француската Лига 1.

ПретходноФиорентина со голема победа, посветена на починатиот претседател Комисо!
СледноРастодер одличен: Гол и две асистенции на Македонецот за победа на Тун против Грасхоперс!