АО: Новак ја мина првата пречка во својот поход кон 25. гренслем трофеј! (ВИДЕО)

82
ФОТО: Australian Open/FB

Најдобриот на сите времиња дојде до 100-тата победа на АО. Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на АО во Мелбурн. Успеа да го победи Шпанецот Педро Мартинез со 3:0 во сетови и со тоа да го почне својот поход кон 25-тиот гренслем трофеј во својата кариера.

Се чини дека и полесно од очекувањата. Мартинез немаше никакви шанси на овој меч.

Србинот првиот сет го доби со 6:3 во гемови, за да потоа во вториот и третиот сет беше 6:2. Овој дуел траеше само два часа. Ова е важно за Новак со цел да не се троши премногу.

Во следното, второ коло во Мелбурн, на првиот гренслем турнир во 2026 година, противник на Новак Ѓоковиќ ќе му биде Италијанецот Франческо Маестрели.

Новак оди и по 11-тата титула на АО. Дали ќе успее, останува да се види.

ПретходноХанси Флик по скандалозниот меч со Сосиедад: “Разочаран сум и гневен“!
СледноКопа дел Реј 1/4 финале: Столе и Валенсија против Билбао на “Местаља“