Лазаров за рекордот на Фитиљ: Мене ми е посебно драго, Кузмановски е лидер!

1315

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е новиот рекордер во редвовите на националниот тим по постигнати голови на Европските првенства. Тој во ремито против Португалија постигна 15 голови со што го мина сегашниот селектор, Кирил Лазаров, кој на ЕП 2012 против Данска постигна 13 погодоци.

Го прашавме Лазаров за новиот момент и рекордот на Кузмановски, кој вчера додека не го прашавме не беше запознаен.

„Мене ми е посебно драго, јас како селектор и нашиот стручен штаб во кој што се вклучени многу легенди ние се стремиме и посакуваме од срце тие да бидат подобри од нашата генерација, тоа е нашата цел и задача. Мислам дека се на добар пат, ова зависи од нас, но и од нив (ракометарите). Кузмановски е предводник – лидер, таков треба да биде, а другите да му помогнат. Ние не се компарираме за да останеме ненадминливи, целта е новите генерации да бидат подобри од нас. Дали сум јас селектор или некој друг треба да стремиме сите на тоа“, изјави Лазаров за СпортСпорт.

Кога сме кај бројката од 15 голови во дресот на Македонија, Лазаров толку погодоци има постигнато на СП 2009 година.

ПретходноСкандал: Лудило и на прес-конференцијата по финалето на АФКОН! (ВИДЕО)
СледноХанси Флик по скандалозниот меч со Сосиедад: “Разочаран сум и гневен“!