Струга ТЛ одигра нерешено против Тренчин

102

Во рамките од подготовките во Анталија, тимот на Струга Трим Лум попладнево одигра пријателски дуел против екипата на Тренчин од Словачка.

Конечниот резултат гласи 2:2, во игра во која Стружани се покажаа како добар противник. Создадоа шанси, две од нив искористија, против квалитетен противник.

Радески погоди во 10. минута, па противникот направи комплетен пресврт, за да во 79. минута Кристијан Малески од пенал ги постави конечните 2:2.

ПретходноСилекс поразен на стартот во Анталија
СледноГроздановски: Пелистер е голем клуб со богата традиција и верни навивачи