Традиционално за време на Европските и Светските првенства, македонските фанови секогаш ја почитуваат традицијата и големиот православен празник Богојавление Водици.
Десетина фанови во еден од базените во данскиот град Архаус го одбележаа празникот, а крстот му припадна на најмладиот, 12-годишниот Марко, кој мина 2.300 километри за да ги бодри македонските ракометари.










