Хаос во најава – „Лавовите“ стануваат на нозе за Македонија Ѓ.П

1044

Сите прволигаши стартуваа а дури и оние најутепаните на табелата како Шкупи и Работнички се во погон и играат контролни средби но затоа пак клубот кој има реални шанси за опстанок во елитата како Македонија Ѓ.П сеуште е во зимски сон.

Нема најави за старт со тренинзите, нема најави за засилувања а нема и најави за заминувања со оглед на тоа дека клубот од скопската населба Ѓорче Петров како и да не постои.

Што се случува со клубот!?

Каде се газдите кои го превземаа овој тим со голема традиција? И тука беа најавувани милиони, авиони… но ете како сето тоа завршува.

Не изманипулираа… Ни потрошија 2.000.000 евра за ништо. Разочарани сме!’“, тоа е одговоро од странските инвеститори до загрижените навивачи и симпатизери на Македонија Ѓ.П кои се обидуваат да најдат решение, да се најде спас само клубот да не згасне. И додека „газдите“ ги нема и жалат за залудно потрошените огромни финансии, се најавува акција на навивачката група „лавови“. Поминати се сите црвени линии, сите термини за старт со работа на клубот. Навивачите и многумина кои неможат да останат неми и да гледаат како клубот пропаѓа најавуваат акција и барање интервенција од институциите а потоа и превземање на мерки за спас на клубот.

Македонија Ѓ.П е клуб со традиција и поранешен првак на Македонија кој имаше големи амбиции и добар тим со кој лесно можеше да се обезбеди опстанок во лигата, но таму некаде во ноември пукна тиквата помеѓу спонзорите и лицата кои го водеа спортскиот дел во клубот. Следеа неколкудневни штрајкови, откази и настапи на клубот најпрво со младински играчи а потоа дел од фудбалерите се вратија во тимот. Но помина декември еве за 20 дена почнува и пролетниот дел од шампионатот, но на стадионот во „Ѓорче“, нема никакви активности. Да се спаси барем клубот да не згасне, да не замине во најнизок ранг… Вакви сказни со авиони и милиони во земјава и во Скопје има еден куп… исти па и полошо можеби е сликата и во Шкупи и Работнички, но кај првите навивачите го најдоа решението за спас а кај вторите собраа „семки“ за да се направи рестарт.

ПретходноПромоција: Пелистер го престави и Томче Гроздановски! (ВИДЕО)
СледноДвојаковски не е веќе кошаркар на МЗТ Скопје! (ФОТО)