Иако се далеку од дома, од Битола, денеска фудбалерите на Пелистер покажаа дека и тоа како ја почитуваат традицијата, својата вера и секако денешниот празник Водици.
Имено битолчани се во Анталија, но и таму, барем на симболичен начин го прославија празникот со фрлање во хотелскиот базен.
Сепак, празникот мора да се испочитува.
Бог се јави.
За многу години Богојавление!















