Оливер Двојаковски не е веќе дел од таборот на кошаркарскиот шампион на Македонија, од МЗТ Скопје. Како што информираат од клубот, со Двојаковски договорот е спогодбено е раскинат.
“МЗТ Скопје Аеродром ја информира јавноста дека денеска спогодбено е прекината соработката со Оливер Двојаковски, кој во вториот дел од минатата сезона дојде во нашиот состав.
Му се заблагодаруваме за ангажманот и професионалниот пристап во периодот поминат во редовите на нашиот тим и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“информираат од МЗТ Скопје.










