
Македонската ракометна репрезентација после 13 години успеа да и земе бод на Португалија. Синоќа нашите момци одиграа реми против оваа селекција и покажаа дека Македонија никогаш не треба да биде отпишана. Се вратија од негатива од пет гола и на крилата на капитенот, Филип Кузмановски и Мартин Томовски се изборија за реми.
Останува празнината за победа, но останува фактот дека оваа нова генерација има што да понуди, оваа нова генерација се бори лавовски и никогаш не се предава.
Како изгледаше драмата во Хернинг можете да видите во продолжение.
Македонија утре против Романија ќе брка убедлива победа, а потоа ќе чека услуга од Данска која исто така треба да слави со голема разлика за да на крајот ја анулираме негативата од 18 гола која ја имаме во меѓусебните пресметки со Португалија. Патот до главната рунда е тежок…










