Керик не го пушта: Мејно останува на „Олд Трафорд“

493

Коби Мејно нема да го напушти Манчестер Јунајтед на позајмица оваа зима, како што се претпоставуваше. Тренерската смена на клупата на „црвените ѓаволи“ доведе до пресврт во ситуацијата со младиот фудбалер.

20-годишникот веднаш ја доби довербата на новиот главен тренер Мајкл Керик и тој ќе биде во тимот до крајот на сезоната и ќе се бори за место во првиот состав.

За време на поранешниот тренер Рубен Аморим, Мејно размислуваше да оди на позајмица за да игра редовно и да се развива. Англичанецот немал планови трајно да го напушти клубот.

Ситуацијата со договорот на Коби ќе остане клучна тема во наредните месеци.

ПретходноМилан повеќе од 30 години не памети ваква серија без пораз
СледноГерманија ја спакува Србија, Франција перфектна доаѓа во Хернинг