Лазаров го откажа денешниот тренинг!

614

 

Македонската ракометна репрезентација има уште еден натпревар од групната фаза на Европското првенство. После ремито против Португалија шансите за пласман во следната рунда се живи, но сценариото е тешко остварливо. Но, никогаш не треба да се губи надеж.

Со оглед на исцрпувачкиот дуел против Португалците, а важноста на мечот против Романија (20.01/18 часот), селекторот Кирил Лазаров одлучи денешниот тренинг да го откаже за да можат ракометарите целосно да се рехабилитираат.

Ова значи дека денеска ќе остане задолжителната видео-анализа за противникот.

Во нашиот табор атмосферата е одлична и сите посакуваат утре да ја победат Романија, секако зошто не и убедливо, а дури потоа ќе мислам на мечот меѓу Данска и Португалија кој е од голема важност во однос на пласманот во главната рунда.

За 17 часот е највено доаѓањето на Гоце Ојлески, кој доби дополнителен повик откако се повредија Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, и остана без лево крило.

ПретходноТрадицијата продолжува: 12-годишниот Марко го фати крстот во Архаус (ФОТО)
СледноСтефанов до ракометарите: Покажавте дека можете да играте против Топ 5 светски селекции