Последните информации од Островот велат дека Челзи не го смета веќе Енцо Фернандез за недопирлив и дека ако дојде добра понуда секако дека истата ќе се разгледа и дека нема ништо чудно да биде светскиот шампион со Аргентина да биде продаден.
Да потсетиме дека Енцо пред три години за 121 милиони евра од Бенфика дојде на “Стемфорд Бриџ“, и дека овој трансфер и натаму е во ТОП 10 на сите времиња.
Малку чудно ако се знае дека парите не се проблем за газдата на клубот Тод Боли, уште почудно ако се знае дека и новиот стратег Лиам Росениор има високо мислење за играчот за врска. Сепак се говори дека ставот на Челзи е дека кој ќе плати 150 милиони евра, може слободно да го купи Фернандез.
По се ова на готовс се Реал Мадри и ПСЖ. Ова се двата клуба кои во последно време беа најзаинтересирани за еден од најдобрите играчи за врска во светот.










