Србија загуби од Австрија, но ќе чека услуга од Шпанија за главна рунда

503

Уште еден драматичен натпревар во „Јиске Банк Боксен“ Арена. Во првиот меч од последното коло во групата А, Србија е поразена од Австрија со 26-25, резултат кој им дава надеж на избраниците на Раул Гонзалес дека имаат шанса за пласман во главната рунда, ќе чекаат пораз на Германија од Шпанија. За Автрија овој шампионат заврши.

Илиќ имаше шест гола кај Србите, на другата страна ист број на погодоци имаше Вагнер.

Првото полувреме мина изедначено со тоа што двете репрезентации не поведоа повеќе од два гола. На одморот Србија имаше минимални 12-13. Истиот стил на игра продолжи и во вториот дел со тоа што Австрија со серија од 2-0 успеа да дојде на плус три (23-20) пред стартот на 53-та минута, во овој период Фримел не успеа да реализира од седум метри, Милосављев запиша нова одбрана. Голем проблем за Раул Гонзалес беше двете исклучувања во периодот од 50-та минута. Австрија го искористи тоа максимално. На голема среќа Милосављев беше во ритам, не дозволи разликата да отиде на плус четири. Србија бркаше негатива од два гола на крајот за да може да се надева на пораз на Германија од Шпанија. Додиќ постигна важен гола за 26-24, Милосавњев одбрани седмерец, Србија успеа да дојде на 26-25.

Хрватска прва го завери билетот за главната рунда во групата E, откако дојде до втората победа, овој пат ја совлада Холандија со 29-25. Додека во групата Ц, Чешка ја совлада Украина со 38-29.

ПретходноМароко ќе го тужи Сенегал по повод финалето на Африканскиот куп
СледноТер Штеген ќе брани во Џирона на позајмица