Стефанов до ракометарите: Покажавте дека можете да играте против Топ 5 светски селекции

193

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија Александар Стефанов, испрати поддршка за ракометарите и стручниот штаб, по завршувањето на натпреварот меѓу Македонија и Португалија во рамките на второто коло на Европското првенство. Дуелот заврши со реми (29-29), а за првиот човек тоа е еднакво на победа. Воедно тој испрати апел до ракометарите дека не треба да имаат притисок за утрешниот дуел со Романија.

„Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала вечерва, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од „минус пет“ и дека можеме да играме со селекции кои се во ТОП 5 во светот.

Ви честитам и само напред без притисок кон победа против Романија!“

ПретходноЛазаров го откажа денешниот тренинг!
СледноДали Сенегал ќе остане без титулата? Инфантино: „Неприфатливо е играчите да го напуштат теренот!“