
Сценариото кое ја носеше српската ракометна репрезентација во главната рунда не се оствари. Откако Раул Гонзалес и неговиот тим не победија против Австрија им остана надеж дека Шпанија ќе ја победи Германија и на тој начин ќе го продолжат престојот во Хернинг.
Германците не дозволија ова ЕП да го завршат уште во рана фаза, па славеа против Шпанија со 34-32 и заедно со „фуријата“ заверија место во главната рунда.
После киксот против Србија, Германија изгледаше поинаку на теренот, лекција беше научена и имаше контрола на резултатот во текот на целиот меч. Србија доби уште еден удар, заврши последна во групата, па значи дека ќе игра два бражи за СП 2027.
Победа запиша и селекцијата на Шведска која очекувано славеше против Грузија со 29-38 и завери место во главната рунда, од која позиција ќе стартува ќе биде познато дури во среда кога ќе се сретне со Хрватска.
Актуелниот бранител на тронот, Франција како првопласиран тим од групата Ц патува во следната рунда, откако го доби дуелот против Норвешка со 38-34, која пак заврши на второто место.










