Голем проблем за Лазаров пред мечот со Романија!

1788

Македонската ракометна репрезентација остана во игра за пласман во главната рунда, но сценариото е навистина тешко, бидејќи пред последните битки од групната фаза има негатива од 18 гола. За да бајката во Хернинг продолжи, неопходно ќе биде двете средби (Македонија да ја победи Романија, Данска да биде подобра од Португалија) вкупно да завршат со минимум 19 гола разлика во наша полза.

Пред утрешната битка со Романија, селекторот Кирил Лазаров се соочува со гоме проблем, остана без леви крила. Петар Атанасијевиќ поради повреда не беше во можност да настапи, а во првото полувреме Иван Џонов остана да лежи на теренот, па преостанатиот дел од мечот мораше да го проследи вториот дел од трибините.

Денеска ќе бидат познати деталите и за двајцата ракометари. Лазаров против Португалија ги ротираше на кирло Аларов, Стојаковиќ и Павле Атанасијевиќ.

ПретходноПреслатка фотографија од синот на Филип Кузмановски
СледноДончиќ остана без кош во последната четвртина (ВИДЕО)