Денеска тимот на Пелистер, кој што патем во моментов се подготвува во Анталија, го претстави Томче Гроздановски како нов играч. Некогашниот македонски младински но и сениорски репрезентативец ги засили битолчани во насока, напролет Пелистер да изгледа сосема поинаку одколку до сега.
„Пелистер е голем клуб со богата традиција и верна публика и чест ми е што ќе го носам овој дрес. Атмосферата овие денови е одлична, се чувствува позитивна енергија и мотив кај сите во клубот. Дел од играчите веќе ги познавам, а останатите ме примија одлично, што многу ми значи. Моите очекувања се да дадам максимум на секој тренинг и натпревар и заедно со тимот да ги исполниме целите на клубот.“ – вели Гроздановски.















