Денеска на ЕП 2026: Сега се прашуваат Доктор Раул и Србија!

276

Денеска на програмата се шест средби на ЕП 2026. Секако дека најинтересно ќе биде во групата А, каде се среќаваат Србија-Австрија и Германија – Шпанија. По маестралната победа на Раул Гонзалес и неговите момци над Германија, сега тие и тоа како се прашуваат. Со победа над Австрија, било каква, и дефинитивно одат во следната фаза. Има и други математики, но сега Србија и Раул сами си ја решаваат својата судбина. На вториот меч од групата меѓу Германија и Шпанија ќе биде и тоа како жешко. Да потсетиме дека само првите две селекции од секоја група одат понатаму на ова ЕП.

Хрватска својот втор меч ќе одигра против Холандија во групата Е. Со победа ќе си обезбеди пласман во следната рунда.

Во Осло се игра дербито на денот меѓу Норвешка и Франција. И двете селекции се во следната фаза, ова ќе биде меч за тоа кој ќе пренесе бодови во главната рунда.

Ова се двојките за денеска:

18.00 ч

Австрија – Србија

Чешка -Украина

Холандија – Хрватска

20.30 ч

Франција – Норвешка

Грузија – Шведска

Германија – Шпанија

ПретходноПо отказот во Реал, Чаби Алонсо ја доби првата понуда
СледноТрадицијата продолжува: 12-годишниот Марко го фати крстот во Архаус (ФОТО)