Лазаров: Со Португалија се надминавме себеси, сега треба да се “прешалтаме“ за мечот со Романците!

277

СпортСпорт во Хернинг,

Марија Ковачева

По проспиената ноќ по се она што се случуваше на средбата со Португалија, денеска селекторот Кирил Лазаров со свое видување за тоа што следува утре против Романинја.

Инаку Лазаров вчера, тоа треба да се напомене, на маестрален начин го водеше репрезентативниот тим кој со малку повеќе среќа можеше и да победи.

Се подготвувавме многу за Португалија, да, треба да сме свесни дека направивме добар резултат против поквалитетна репрезентација, за жал не успеавме да стигнеме до посакуваната победа, но треба да сме свесни и реални дека се надминавме себеси, тоа е за секоја пофалба за играчите кои настапија. Не треба тука да застанеме, треба веднаш да се „прешалтаме“ на она што утре следи, да не се задоволиме и да не го расипеме целокупниот впечаток што го оставивме“.

Во секој случај потребна е максимален фокус од нашите ракометари ако сакаме да победиме.

Романија најави дека нивни таргет е Македонија, тие утре ќе влезат силно и цврсто, на се или ништо. Познавајќи го нивниот селектор, федерацијата и начинот на кој функционираат, па мораме што поскоро да се „отрезниме“ од вчерашниот меч и да се насочиме целосно кон Романците. Прва цел ни е победа, а после тоа а се обидеме и да постигнеме уште некој гол повеќе во гол-разликата. Треба да имаме правилен пристап, бидејќи ретко кога Македонија знаела по добар меч да повтори уште едно добро издание за помалку под 48 часа. Не сум загрижен, овие момци прераснуваат во сериозни ракометари на големата сцена и верувам дека повторно ќе одговориме на предизвикот“.

Како што истакна Лазаров, Македонија е поквалитетна од Романија, но тоа треба да се докаже на терен.

Романија сигурно е послаба од Данска, послаба и од Португалија, но имаат амбициозна федерација, амбициозен селектор, со многу ресурси да се движат кон врвот. Не знам колку ќе успеат, имаат сериозни буџети, тие очекуваат многу. Како колектив сигурно сме поквалитетни од нив, системски сигурно, но важно ќе биде да се игра како што знаеме“ заврши Лазаров.  

ПретходноЛазаров со дополнителен повик, Ојлески денеска ќе слета во Хернинг
СледноСтојковиќ: Голема благодарност до целата јавност, ми значи поддршката!