Милан повеќе од 30 години не памети ваква серија без пораз

126
ФОТО: AS Roma/FB

Италијанскиот фудбалски гигант Милан е непоразен во Серија А веќе 20 натпревари. Ова на „росонерите“ им се случува за првпат од сезоната 1992/93, кога Фабио Капело со Милан го освои италијанското првенство.

Тимот на Масимилијано Алегри има седум нерешени натпревари и 13 победи. За да ја повтори својата серија без пораз од 90-тите, Милан мора да остане непоразен во следните три натпревари, во кои ќе се соочат со Рома (25 јануари), Болоња (3 февруари) и Комо (8 февруари).

Милан моментално има 46 бода и е втор на табелата зад градскиот ривал Интер, кој е лидер со 49 бода.

ПретходноМане се премисли: Нема да се пензионирам, ќе играм и на СП 2026
СледноКерик не го пушта: Мејно останува на „Олд Трафорд“