Фудбалерите на Комо остварија една од најблескавите победи во италијанското првенство, бидејќи буквално го уништија Лацио на „Олимпико“ совладувајќи го со 3:0 во натпреварот од 21. коло на Серија А. Вистински волшебник кај гостите беше Нико Паз, кој заедно со Мартин Батурина одиграа скоро совршен меч.
Фудбалерите на Лацио и натаму продолжуваат да чекаат речиси два месеци на победа на домашен терен во италијанското првенство, откако последен пат славеа во првенствен натпревар на „Олимпик“ на 23 ноември против Лече.
Комо поведе во втората минута со голот на Мартин Батурина, а потоа со два гола на Нико Паз практично комплетно го уништи противникот.










