Реал и ПСЖ на готовс: Го платија 120 милиони евра а сега ќе го продаваат за 150!

191
ФОТО: Chelsea Football Club/FB

Последните информации од Островот велат дека Челзи не го смета веќе Енцо Фернандез за недопирлив и дека ако дојде добра понуда секако дека истата ќе се разгледа и дека нема ништо чудно да биде светскиот шампион со Аргентина да биде продаден.

Да потсетиме дека Енцо пред три години за 121 милиони евра од Бенфика дојде на “Стемфорд Бриџ“, и дека овој трансфер и натаму е во ТОП 10 на сите времиња.

Малку чудно ако се знае дека парите не се проблем за газдата на клубот Тод Боли, уште почудно ако се знае дека и новиот стратег Лиам Росениор има високо мислење за играчот за врска. Сепак се говори дека ставот на Челзи е дека кој ќе плати 150 милиони евра, може слободно да го купи Фернандез.

По се ова на готовс се Реал Мадри и ПСЖ. Ова се двата клуба кои во последно време беа најзаинтересирани за еден од најдобрите играчи за врска во светот.

ПретходноЛиверпул тргнува по ѕвездата на Интер!
СледноСловенци ќе ја делат правдата меѓу Македонија и Романија, нова задача за Митревски и Тодоровски