Словенци ќе ја делат правдата меѓу Македонија и Романија, нова задача за Митревски и Тодоровски

340

Македонската ракометна репрезентација утре го игра последниот натпревар од групната фаза на Европско првенство, за противник ја има селекцијата на Романија. Дуелот се игра со почеток во 18 часот, а правдата ќе ја делат Словенците Бојан Лах и Давид Сок.

Овој натпревар ќе биде од големо значање за нашите ракометари, ќе мора да дојдат до што поубедлива победа, а потоа да чекаат услуга од Данска која игра со Португалија.

Нова задача на Европското првенство добија Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, тие ќе ја делат правдата на мечот меѓу Унгарија и Исланд, кој се игра во Кристијанштад.

 

ПретходноРеал и ПСЖ на готовс: Го платија 120 милиони евра а сега ќе го продаваат за 150!
СледноМароко ќе го тужи Сенегал по повод финалето на Африканскиот куп