Според ЕХФ: Маестралната одбрана на Томовски во ТОП 3!(ВИДЕО)

237

Јасно е дека капитенот Филип Кузмановски со своите 15 голови и новиот рекорд, заслужено беше прогласен за МВП на средбата со Португалија, но исто така јасно е дека она што го направи нашиот голман Мартин Томовски во последната минута од мечот беше нешто фантастично.

Тој успеа да одбрани два удари на Португалците, посебно важен беше тој вториот со кој и донесе бод на Македонија. И кога е така, а така е секако, тогаш и медија – тимот на ЕХФ ја стави таа одбрана во ТОП 3 на денот.

Браво Мартин!

ПретходноБог се јави во Анталија, пелистерци за традицијата! (ВИДЕО)
СледноСкандал: Лудило и на прес-конференцијата по финалето на АФКОН! (ВИДЕО)