Искусниот германски голман, и член на тимот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген се договори сезоната да ја доигра како позајмен играч во тимот на Џирона.
Како што јаввуваат медиумите, загубеното стартно место во Барселона, Тер Штеген ќе го менува со Џирона, каде што би требало да ја добие потребната минутажа.
Жоан Гарсија едноставно во моментов е незаменлив на Ноу Камп, а главната причина поради која што Тер Штеген го прави ова е фактот што сака да обезбеди место на Мундијалот следното лето во репрезентацијата на Германија.










